AT Solutions Ltd.

ЗА НАС

Нашите почетоци датираат од 2005та година, како дел од компанија во која главна дејност не беа улсугите од информатичките технологии и функциониравме внатре во компанијата за потребите на истата. Во 2016та IT тимот создаде самостојна компанија АТ СОЛУТИОНС која своите услуги ги нуди и продава на поголем број клиенти ширум светот. Ориентирани сме кон изработка на професионални веб страници и хостинг услуги.

Нудиме изработка на професионални веб решенија прилагодени на Вашите потреби. Користиме сеопфатен пристап при процесот на изработка, а обраќаме особено внимание на функционалноста и едноставноста при користење, за на крај сето тоа го прикажеме во еден персонализиран уникатен и модерен дизајн, оптимизиран брз и прилагодлив према различни типови на дигитални уреди и високо рангиран од страна на пребарувачите (google, bing, yahoo).

Нашето долгогодишно искуство во областа на програмирањето ни овозможува јасно да ги разбереме и да ги реализираме барањата на нашите клиенти, со цел заедно да стигнеме до готовиот производ кој го посакувате. Позитивното корисничко искуство е нашата цел.

...
ФУНКЦИОНАЛНОСТ ПРИЛАГОДЕНА НА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

Во зависност од вашите потреби, може да ви понудиме две основни варијанти врз основ на кои ќе биде изработен вашиот професионален веб сајт. Едната варијанта е користење веќе готови постоечки системи за управување со содржини (CMS) како joomla, wordpress и слично. Втората варијанта е изработка на професионален веб сајт од почеток, усклучиво наменет за вас.

...
ОПТИМИЗАЦИЈА ЗА ПРЕБАРУВАЧКИТЕ МАШИНИ

Без разлика дали ќе одберете некоја од постоечките системи за управување со содржини (wordpress, joomla, opencart …) или ќе се одлучите за изработка на комплетно решение од наша страна, Вашиот сајт ќе биде подесен и оптимизиран за полесна навигација, подобро рангирање од страна на пребарувачите.

...
УНИКАТЕН И МОДЕРЕН ДИЗАЈН

Првиот впечаток за вашата компанија клиентите го добиваат преку Вашиот веб сајт. Изработката на уникатен, впечатлив, модерен и компактен дизајн кој ќе биде прилагодлив на различни видови на екрани е клучниот фактор за понатамошна соработка. Се раководиме од мотото „Изгледот привлекува, карактерот задржува“. Дозволете нашиот тим од професионалци да се погрижи за дизајнот на Вашиот сајт.

...
ГОТОВИ РЕШЕНИЈА

Платформи за е-трговија со интеграција на процесори за наплата од кредитни и дебитни картички.

Системи за управување со содржини идеални за веб страни каде што често се додаваат нови содржини. Лесни за управување и одржување.

Не постои проблем без решение!

Т. Аврамов, основач и сопственик во AT Solutions

СЕДИШТЕ
д.п.т.у. „АТ СОЛУТИОНС“ д.о.о.е.л.

Адреса: Булевар „Гевгелија“ бр. 86Т 1480 Гевгелија, С. Македонија

24/7 ПОДДРШКА
ДЕЖУРЕН ТИМ:

Телефон: +389 34 550 111

Е Пошта: support@ats.mk

ПРАВНИ АКТИ

Услови за користење

Политика за приватност

Сите права ги задржува AT Solutions © 2019