ЗА НАС

Нашите почетоци датираат од 2005та година, како дел од компанија во која главна дејност не беа улсугите од информатичките технологии и функциониравме внатре во компанијата за потребите на истата. Во 2016та IT тимот создаде самостојна компанија АТ СОЛУТИОНС која своите услуги ги нуди и продава на поголем број клиенти ширум светот. Ориентирани сме кон изработка на професионални веб страници и хостинг услуги.

Нудиме изработка на професионални веб решенија прилагодени на Вашите потреби. Користиме сеопфатен пристап при процесот на изработка, а обраќаме особено внимание на функционалноста и едноставноста при користење, за на крај сето тоа го прикажеме во еден персонализиран уникатен и модерен дизајн, оптимизиран брз и прилагодлив
према различни типови на дигитални уреди и високо рангиран од страна на пребарувачите (google, bing, yahoo).

Нашето долгогодишно искуство во областа на програмирањето ни овозможува јасно да ги разбереме и да ги реализираме барањата на нашите клиенти, со цел заедно да стигнеме до изработка на професионални веб решенија кои ги посакувате. Позитивното корисничко искуство е нашата цел.

Не постои проблем без !